Ахмети објави плоча со „Велика Албанија“ на фб! – Ќе ја прави ли, сепак, тргајќи ги границите со Албанија и Косово преку интегрирањето во Европа?!

„Границите со Албанија и Косово ќе паднат и обединувањето ќе биде во Европа заедно со другите народи. Албаниците никому не му должат, па да останат изолирани.“кажа лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера во Меморијалниот комплекс во кумановското село Сопот, каде што во 1944 година, како што е речено, „во масакр ги изгубиле своите животи 64 жители од ова село.“. Ова го објави ТВ 21. Информирајќи за својот настап на овој настан, Али Ахмети постави на својот фејсбук-профил и фотографија со плоча, на која се врежани границите на „Велика Албанија“, во која е офатено Скопје и други делови од територијата на Македонија!



ТВ 21 пишува: „Ние ќе ги тргнеме границите, како што ги тргна Европа. Бидејќи, немаме долг кон никого, па да останеме изолирани. Иднината ни е во Европа. Албанците ги отстрануваат границите со нивното зачленување во Европа, како што сме во НАТО заедно со Албанија и утре со Косово. За мене не е големо дстигнување, ако границата остане од едната страна. За мене најголемо достигнување е границите да се тргнат, бидејќи уривањето на границите е иднина и слобода на народите.“ – нагласи Али Ахмети.

Во Меморијалниот комплекс во Сопот Ахмети рече дека кога ја почнувале нивната дејност целта им била да ја прават Албанија, но и оти политиките потоа се промениле. Тој изнесе дека благодарејќи на прагматизмот, за кој се определиле денес, албанскиот јазик и албанскиот јазик се официјални и неприкосновени во оваа држава.

„Кога ја почнавме својата дејност, почнавме да ја правиме Албанија. Но се сменија политиките и ние го избравме прагматизмот, а не фанатизмот. Ние избравме Албанците да бидат државотворни во Македонија, да бидат господари и сами на себе господари во својата земја, а ова албанско знаме е денес официјално и неприкосновено. Овде е крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен.“ – посочи лидерот на ДУИ Ахмети.

Тој кажа дека таквите масакри, како овој во Сопот,  се правени врз децата со единствен мотив оти биле Албанци и дека Албанците мора да се протераат од овие простори. Но, рече Ахмети, Албанците се на својата земја и никогаш нема да попуштат. „Такви беа пораките на Чубриловиќ: ‘Убивајте ги Албанците, масакрирајте ги, исплашете ги, протерајте ги’. Но, Албанците се раѓаат како Фениксот и тоа наликува на народната поговорка: колку повеќе се жнее тревата, толку повеќе таа расте и цути. Ние сме на нашата земја, ние сме на тапиите на нашите претци и не ги напуштаме.“ – рече Али Ахмети во Сопот.