Нема ниту куршум ниту сила што може да ја уништи идејата за премиер Албанец бидејќи идеите не можат да се убијат, тие триумфираат, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средба со поддржувачите на оваа партѕија во Дебар.



„Ние не влеговме во трка за да се шегуваме за првиот премиер Албанец, не сакаме и не го правиме тоа за да го подобриме угледот ниту да ја поправиме историјата на ДУИ, ниту пак да ја збогатам мојата лична историја, бидејќи нема поголеми моменти од тоа што се знае дека јас сум победник на двете војни во Косово и војната во 2001 година“ рече Ахмети.

Ние излеговме со ова идеја за да победат Албанците бидејќи тие се сопственици во ова земја и нема причина некој да биде толку загрижен, како што ги гледам моите колеги Зоран и Мицковски и неколку помали кои не ги познавам и не ги памтам имиња. Нашата идеја за премиер Албанец ги води процесите напред, ја зголемува довербата помеѓу заедниците. Ништо лошо нема да и се случи на ова земја каде за пример може да ги земаме Кичево и Струга, наспроти многуте реакции, иако луѓето тука имаат соживот“, порача Ахмети.

(Плусинфо)