На утрешниот четврти изборен Конгрес на ДУИ, предвидено е да се обрати само лидерот Али Ахмети, кој како што веќе објави Плусинфо ќе биде реизбран за претседател на партијата.
И овој пат, Ахмети ќе нема противкандидат, бидејќи како што велат од ДУИ, „Али не е претседател туку лидер, водач“.
На Конгресот на ДУИ предвидено е да се изберат неколку нови тела на партијата како Национален совет, Конгрес на постојаноста и Партиска изборна комисија, а ќе се воведе и функција – секретар за еднакви можности, пишува Плусинфо.




