Ахмети: Неприфатливи се нападите врз ЕУЛЕКС и косовската полиција од политички поддржани криминални групи

„Ситуацијата на северот и нападите врз силите на ЕУЛЕКС и врз косовската полиција од страна на политички поддржани криминални групи се неприфатливи.“ – објави лидерот на Демократската унија за Интеграција Али Ахмети на својот фејсбук-профил во врска со најновите заострувања на политичко-безбедносната ситуација во Косово.

Ахмети пишува: „Ситуацијата на северот на Косово е во спротивност со секој закон и со секој дух на дијалог, бидејќи на регионот не му требаат конфликти во екот на кризата, во која се наоѓа европскиот континент.“

„Да се стави крај на овие инсценирани акти за поттикнување насилство и конфликт и веднаш завршете со дијалогот за финализирање на договорот, кој ќе донесе заемно признавање меѓу двете земји, како чекор што би донел мир и просперитет за целиот регион.“