Предвремени парламентарни избори не се во интерес ниту на државата, ниту на партнерството, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Предвремените избори сметам дека се организираат во случаи на кризи, нефункционирање на Парламентот, блокирање на институциите, такво нешто нема и ниту во иднина мислам дека нема да има, бидејќи не се во интерес ниту на државата, а ниту и на партнерството во овој случај“,– рече Ахмети.
Досега нема никаква промена и пописот ќе се одржи на почетокот на април. Ова е статистички чекор, чекор што треба да се направи бидејќи се бара од меѓународните организации како Евроската унија и ЕУРОСТАТ, за да имаат точни статистички информации како институции во ЕУ“, рече Ахмети, во одговор на новинарско прашање, на свечената академија по повод независноста на Република Косово.
Ахмети вели дека досега нема никаква промена и пописот ќе се одржи на почетокот на април. „Ова е статистички чекор, чекор што треба да се направи бидејќи се бара од меѓународните организации како Евроската унија и ЕУРОСТАТ, за да имаат точни статистички информации како институции во ЕУ“,– рече Ахмети, во одговор на новинарско прашање, на свечената академија по повод независноста на Република Косово.





