Лидерот на ДУИ и пратеник, Али Ахмети, чиј внук деновиве е во центарот на интерес во јавноста со купувањето на „Соравија“, нема промена во анкетниот лист за неговата имотна состојба уште од претходниот мандат.
Али Ахмети, еден од политичарите со најдолг стаж во Македонија, како личен имот пријавил куќа во Заја од 254 метри квадратни, проценета на 100 илјади долари, за која не дал податок како ја стекнал.
Во Албанија пријавил земјиште од 700 метри квадратни од 30 илјади долари. И за него не дал податок како го стекнал.
Нема сопствено возило, но затоа неговата сопруга вози „Фолксваген поло“, од 7 илјади евра.
На трансакциската сметка, пак, има 758.482 денари.







