Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека нема потреба од одржување на лидерска средба на што повикува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која би се разговарало за претстојните избори и за изборниот процес.
„Приоритет над приоритетите е како да се постигне договор за уставните измени и одржувањето на меѓувладината конференција, што треба да се одржи на крајот на оваа година. Не знам што можеме да направиме за да им служиме подобро на луѓето, отколку да ја зачлениме земјата во Европската Унија.
Изборите не нудат решение, така што, изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година“,рече Ахмети одговарајќи на новинарско прашање вчера.
Ахмети ја повтори пораката до ВМРО-ДПМНЕ, дека ако ѝ пречат интегративците во владата, тогаш да гласа за уставните измени, а во истиот момент, ДУИ ќе се повлече од извршната власт.






