Ахмети: Не сме далеку од договор со Бугарија

На денешната работна средба во седиштето на ДУИ во Тетово на Али Ахмети со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир, се говорело и за спорот со Бугарија, соопштија од партијата.



„Ахмети оцени дека не сме далеку од договорот со Софија и дека страните ќе ги почитуваат преземените обврски. Треба да се пристапи кон разликите и да се надминат што е можно побрзо, за да започнат преговорите за членство во Европската Унија“, стои во соопштението од ДУИ.

Тој додал дека со добри и релаксирани односи во нашата земја и со соседите, ја обезбедуваме нашата иднина, стабилност, безбедност и европската перспектива, затоа, потенцирал Ахмети, „не смееме да застанеме со нашите напори со цел да ги надминеме сите пречки“.