Со изјавата дека тој што го клевети треба да оди во затвор и треба да биде гонет од јавното обвинителство лидерот на ДУИ орлри дека ниту тој ниту во партијата има луѓе што го знаат законот за граѓанска одговорност.
Другата опција е дека Ахмети ќе бара повторно да се криминализира навредата и клеветата и новинарите пак да одат во затвор за искажан збор.
Иако законот сега предвидува парични казни и извинувања Ахмети сега бара затвор за истите дела.
,,Да бидат опфатени сите политичари, функционери и претседатели на општини. Бидејќи, не може да му текнува секому да формира политичка партија и да вели: ‘Али Ахмети е ајдук, тој крадел, тој е криминалец, убивал луѓе.’ Јас не можам да велам по цел ден дека не сум го направил тоа” вели лидерот на ДУИ кој смета дека треба да се повика на информативен разговор во Обвинителството и оној, што клевети.
,,Треба да оди во затвор и оној, што клевети.
Бидејќи и внатре во една партија се води борба, и во нашата партија се води борба, да му се одземе местото на другиот.“ – рече лидерот на ДУИ на партискиот собир во гостиварското село Врапчиште”, пренесува ТВ21.






