Ахмети не дава коалиција СДСМ-ВМРО

Лидерот на коалицискиот партнер во власта, ДУИ, Али Ахмети, изрази несогласување со ставовите искажани од премиерот Зоран Заев во кои ја отвори можноста опозицијата да стане дел од власта, пренесува Алсат.



„Опозицијата ги дава своите забелешки, дури и ако не се на место, бидејќи тоа е улогата на опозицијата, не само кај нас, туку и во сите напредни земји“, рече Ахмети.

Премиерот Зоран Заев за првпат ја отвори можноста за формирање Влада на Национален спас во која би влегла и опозицијата.