Претставникот на ДУИ, Фатон Ахмети од ДУИ вечерва во емисијата „Патот кон“ на Алсат, рече дека сите заслуги за најголем број министри Албанци во Владата ги припиша на својата партија и на својот шеф, Али Ахмети.
Како што кажа тој, неговата партија покажала дека Албанците не се опасност за државата.
„Најголемиот број албански министри е заслуга на ДУИ и Али Ахмети, бидејќи покажавме дека Албанците не се опасност за државата. Основната цел е да понудиме квалитетни кадри кои ќе имаат интелектуални, професионални капацитети и мислам дека тоа е и придобивка што државотворниот стил на нашиот политички субјект ѝ го донесе на Северна Македонија“, рече Ахмети.





