Во гостување на вториот канал на МРТВ, лидерот на ДУИ порача дека нема да поддржи кандидат на Социјалдемократскиот сојуз што ќе биде изгласан на Конгрес.
„Излегуваат со изјава дека ќе прават Конгрес. На туѓа свадба не одам. Ниту на свадба непоканет не одам. Овие неодговорни потези на СДСМ, на неколку нивни високи претставници се некоректни.
Ние не сме ничија патерица, ниту, пак, сме нечија опашка. Ниту претходно на Груевски, ниту сега на Заев.
Направивме длабока анализа и решивме да излеземе со наш кандидат“ рече Али Ахмети.
Лидерот на коалициониот партнер на СДСМ вели дека тие остануваат на ставот за консензуален претседателски кандидат, но ако постои реципроцитет.




