Ахмети на распит за случајот „Попис“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е повикан на распит денеска во 10 часот во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција за случајот „Попис“.



Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО за организиран криминал и корупција.

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Според СЈО, лидерите на двете партии, Ахмети и Никола Груевски, лично одлучиле да го стопираат неаргументирано и го оштетиле државниот буџетв за 2,8 милиони евра.