Ахмети му вети „конак“ на Бејли – кога и да дојде во Македонија

Лидерот на ДУИ, на прошталниот ручек со амбасадорот на САД во заминување, Џес Бејли, за неговата поддршка за време на неговиот мандат во Македонија во кој “се затвори спорот со Грција и Бугарија, се постигна јазичната еднаквост, де факто сме членка на НАТО и очекуваме во јули да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија“.



Али Ахмети на амбасадорот му вети дека кога и да се врати во посета на Македонија, ќе најде конак во неговиот дом и меѓу неговото семејство.