Ахмети му порача на Мицкоски убаво да размисли за уставните измени

Во ексклузивно интервју за ТВ21 од неговиот дом во Зајас, лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати порака до лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски убаво да размисли, затоа што имал одговорност за донесувањето на уставните измени кои отворале пат напред за државата



„Христијан Мицкоски треба да размисли убаво, тој има голема одговорност како лидер на опозиција, треба да разбере дека уставните измени отвараат пат напред за државата, отвараат пат за развој на државата.

Просто е тоа, земете го извештајот на Ирска и видете колку Полјаци се вратени во Полска после зачленувањето на земјата во ЕУ, кај нас бегаат младите, ако Мицкоски, Ковачевски, Ахмети, Тачи, Таравари сакаат да останат сами во Македонија и да гласаат меѓу себе, тогаш нема да гласаат за уставните, и луѓето ќе ни избегат од државата“, порача Ахмети во интервјуто за ТВ21.

Лидерот на ДУИ рече дека е оптимист и иако не кажа датум, рече дека кога ќе биде продолжена седницата за уставни измени, на истата тие ќе бидат изгласани.