„Лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека со ‘загриженост’ ги следи од медиумите последните изјави на политичарите, посебно нагласувајќи ги оние изјави против министерот за надворешни работи, на кого ‘му го смениле името во ‘Бугарин’ – ова Ахмети го кажа синоќа како последен пратеник, кој говореше на седницата на Парламентот, на која се расправаше за барањето за отповикување на претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата информација со наслов „Ахмети: ‘Да ги затвориме прашањата, кои ни се отворени и кои не измачуваат со векови’.“
„Журнал“ ја наведува изјавата во овој контекст на лидерот на ДУИ Ахмети на парламентарната седница: „Ова се моменти кога се одлучува за мирот, стабилноста и добрососедските односи. Еди Рама не нарече ‘браќа Македонци и Албанци’. Тоа се пораки за мир. Точно е дека има корупција и криминал, но да се бориме заедно против нив. Денес, во време на војна, ние сме на вистинскиот пат. Но треба да се бориме уште повеќе за нашата земја и да не го претвораме Собранието во место каде што ќе се пресметуваме меѓу себе. Да ги затвориме прашањата, кои ни се отворени и кои не измачуваат со векови. Да се координираме заедно за прашањата, кои се позитивни за земјата и за граѓаните.“





