Ахмети: Македонците мора да сфатат дека нема Македонија без Албанци, ние сме господари во нашата куќа, а не кираџии!

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, со порака до Македонците од Тетово.



„Кога зборувавме за премиер Албанец, некои не ми веруваа. Нивно право е да не веруваат, но јас секогаш се истакнувам како човек кој верува и е оптимист. Кога е во неверување, човек секогаш ја држи главата наназад и гледајќи наназад може да си го скрши вратот. Кога зборувам за ДУИ, зборувам за достигнувања кои нè прават сите горди. Кога одам на Тетовскиот универзитет се сеќавам на старата зграда, кога влегувам внатре среќавам студенти од сите албански земји. Еднаш си имав работа со УДБ-а зошто баравме албански јазик на универзитетот во Скопје, а сега имаме албански универзитети. Никогаш не баравме насилство, туку баравме молив и тетратка за пишување и учење. Некогаш бевме заплашувани со насилство, од полицијата, но денес имаме полицајци Албанци кои достојно нè претставуваат во униформите, имаме часови по албански, зборуваме и одржуваме организации на наш јазик. Македонците мора да сфатат дека нема Македонија без Албанци, ние сме господари во нашата куќа, а не кираџии. Порано беше табу да има министри, претседатели и директори Албанци, денес ги имаме и општествените табуа се урнати. ДУИ веќе не разговара дали ќе бидеме победници, туку колкава ќе биде длабока победата?!“, рече Ахмети на пред Младинскиот форум на ДУИ во Тетово.