По завршувањето на лидерската средба во Вила Водно, претседателот на ДУИ Али Ахмети гостуваше во емисијата Клик Плус на Телевизија 21 каде изрази незадоволство бидејќи, спроред него, Албанциуте не биле обединети и неколку пати и удри со рака по масата.
Видно бесен, Ахмети потенцираше дека му е срам да оди на средби со 6 албански партии кога Македонците доаѓаат со 2, една од власта и една од опозицијата.
„Срам ми е да одам на средби со 6 различни албански делегации и да се викаме Албанци со образование, со факултет. Каков факултет имаме, какво образование имаме. Срамота е за Албанците 6 албански делегации, а само 2 македонски – една на власта и една на опозицијата. Доаѓа Беса со шестмина, затоа што не се веруваат едниот на другиот. Села со 3-4, Тачи со 2-3, Ахмети со 2-3, Острени со 2-3, ова е срамота. И ми велите дека јас сум ги навредил нив. Најдете ми го најмалиот доказ и ќе се тргнам, нема да ги понижам Албанците“, нервозно објаснуваше Ахмети.




