Претседателотѕ на ДУИ, Али Ахмети, обвини дека косовскиот премиер Албин Курти се меша во внатрешните работи на Албанците во Македонија.
Од друга страна, тој го пофали односот на премиерот на Албанија, Еди Рама, велејќи дека работел на обединување на албанските партии, пренесува „Телеграфи“.
Ахмети рече дека Курти се мешал во претседателските избори во Македонија, и „запрашал зошто Курти не реагирал на интервенциите на Вучиќ“.
Меѓу другото, Ахмети рече дека Курти заземал страна, и излегол со поддршка на некои политички партии во Македонија.
„Тој се меша во политичката сцена на Албанците. Еди Рама на пример, не се меша во внатрешните работи на политичкото тело во Македонија, вложи напори да ги зближи партиите во Македонија и јас сум благодарен сум за таквиот пристап“, рекол Ахмети на гостувањето во емисијата „Топ стори“ на ТВ Топ Чанел – Албанија.
На прашањето дали би имал поинакво мислење доколку Курти би ја поддржал неговата партија, Ахмети рече дека „не побарал поддршка од Албанија и Косово“.





