Ахмети контра изјавата на Дардишта: Тоа е против каузата на ДУИ

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја осуди изјавата на поранешната директорка на заеднички служби на Клинички центар Шкодране Дардишта.



Toj jече дека таквите изјави се спротивни на каузата на партијата.

– ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата, рече Ахмети пред состанкот на Генералниот совет на партијата во Тетово.

Вчера Дардишта порача да не се игра со оган, откако опозициските партии заедно со Движењето БЕСА најавија ново парламентарно мнозинство.

– Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, напиша таа на социјалната мрежа Фејсбук.