„Партнерите на коалицијата и меѓународните сојузници се против оставката на Заев, бидејќи земјата се наоѓа пред важни предизвици и Владата треба да продолжи.“ – рече денес претседателот на ДУИ Али Ахмети пред медиумите, пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА.
„Лидерот на ДУИ денес повторно се произнесе во врска со оставката на Зоран Заев од позицијата премиер, нагласувајќи дека го разбира, но и оти тоа во овој момнент не е добро“
„Одговарајќи на прашање во врска со можноста за одредување друг мандатар, челникот на ДУИ кажа дека ‘тоа прашање ја отвора Пандорината кутија.“
„Во врска со предупредувањето на Беса за нејзино напуштање на Владата, изнесено во изјавата на генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа, Ахмети рече станува збор за негова ‘емотивна изјава со цел да изврши притисок врз институциите’: ‘Тоа е емотивна изјава, и директен притисок врз органите, кои се надлежни да воведат ред и правда во државата. Никој не може да биде над одлуките на соодветните институции, како што е и одлуката на ДИК за прегласување во општина Желино. Не мислам дека Движењето БЕСА ќе се повлече, бидејќи така си нанесува самата на себе штета како партија. Ова не е добро, бидејќи се врши притисок врз институциите. Тоа е и еден вид притисок врз коалицијата, но коалицијата не трпи штета од ваквите изјави и притисоци.“





