Лидерот на ДУИ ќе се сретне со функционерите на партијата за кои премиерот Зоран Заев имал забелешки и кои се на список за разрешување. Извори во ДУИ за Алсат М велат дека сепак нема да има ништо конкретно, односно дека договорот кој ќе биде сменет ќе се финализира на лидерска средба Ајхмети-Заев.
„Очекуваме во текот на неделата лидерот на ДУИ, г. Ахмети да одржи средба со премиерот Зоран Заев каде детално ќе ги анализираат сите ресори и ќе донесат правилни одлуки, со единствена цел да го зголемат капацитетот во ресорите каде се предвидуваат измени“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Неколкумина министри Албанци во нивните изјави потенцираа за нив не одлучува премиерот туку лидерот на партијата.
Во моментов Владата нема министер за земјоделство, за култура, како и министер за политички систем. Хазби Лика треба да биде разрешен од Собранието бидејќи не доставил оставка до владата.
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, сè уште не разговарал со премиерот за судбината на министерот за Култура.
Министерствата каде се очекува да има промени се транспорт и врски, екологија, правда и образование, пишува „Алсат М.






