Ахмети: „Ќе го разгледаме предлогот на Макрон, ако се вклучени нашите барања за отстранување на ветото – ќе има решение“

„Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети изјави дека политиката, креирањето на политиките во земјата во моментов има голема сила и волја да се стави крај на проблемите, сето тоа поврзувајќи го со договорот со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија, со парламентарното мнозинство и новиот премиер, како и со предвремените парламентарни избори.“ – јави весникот на албански јазик „Лајм“, пренесувајќи го настапот на Ахмети на Телевизија 7 во Косово.

„Ахмети“: Не сме далеку од решението на проблемот со Бугарија“

„Лајм“ ги пренесува ставовите на Ахмети, кои тој ги изнесе во ТВ 7: „„Имаме добри контакти со претставниците на меѓународната заедница. Побаравме олеснување, тоа ни го понудија францускиот претседател Макрон и други држави. Не сме далеку од решението. Тоа е нацрт-договор, кој Макрон го состави откако ги ислуша страните. Треба да се усогласат страните, кои имаат меѓу себе отворен спор. Откако ќе се произнесат членки на ЕУ и ние ќе го разгледаме тој нацрт, ако се вклучени нашите барања за отстранување на ветото кон крајот на јуни.“ – рече Али Ахмети, додавајќи дека Владата, Министерството за надворешни работи, премиерот и неговите заменици се ангажирани со целосен капацитет. Тој се „се надева дека ќе има епилог“.
замениците

„Зборувајќи за опозицијата и предвремените парламентарни избори, лидерот на ДУИ изнесе став дека изборите не се решение и нагласи дека ќе има избори во редовниот термин во 2024 година.

Тој рече дека секогаш кога се организираат избори во албанскиот блок ДУИ победува убедливо. Тој повтори дека ‘постојат црвени линии за партиите, кои ги оспоруваат Охридскиот и Преспанскиот договор и кои се против интегрирањето во ЕУ’. Ахмети наведе дека треба да се почитува принципот на ‘победникот’: оној што ќе победи на изборите во албанскиот политички табот, тој треба и да ги претставува Албанците во Владата.