Ахмети ја објави долгоочекуваната “убава вест”

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска ја објави долго очекуваната вест која ја најави лично пред една недела а која ја потврди и премиерот Заев.



На настанот со мото „За една зелена иднина“ Ахмети порача дека е ова време кога Албанците раководат со Собранието, во Владата.

“По Рамковниот договор дојде време ДУИ да се фокусира и целосно на квалитетот и условите на животот, на една неселективна правда, дигитализацијата… Вие младината барате гласно услови за живот како на Западот”, изјави Ахмети во во воведот на својот говор.

“Денеска ДУИ ја прегрнува целосно новата зелена, еколошка, зелена агенда, што подразбира живот во услови по пандемијата, отворање нови работни места.

Парите наменети во Зелената агенда се инвестиција во нашето здравје, во чистиот воздух, во намалување на загадувањето на воздухот, за гасификација.

Денес загадувањето на животната средина е и загрозување на безбедноста. Ние ќе се ангажираме дабидеме регионални и европски лидери во зелерната. еколошка политика.

Европската политика значи внимавање на чистиот воздух.

Да внимаваме на тоа без оглед на етнички, партиски, социјални и други разлики, дека дишеме еден воздух, живееме во еден ист простор, ние како ДУИ ќе бидеме столб во ваквата идна политика и во времето што претстои”, изјави Ахмети на настанот кој јавноста го очекуваше со нетрпение откако и Ахмети и Заев најавија дека ќе биде кажана убава работа која беше протолкувана како Албанец кандидат за градоначалник на Скопје.