Ахмети: Изградивме стратегија како да бидат Албанците господари на државите, на Македонија! – Не за Русија, да за Европа!

„Југославија се распадна на нови држави, во кои беа инсталирани политики со национализам и шовинизам. Новата држава Македонија избра да ги дискриминира Албанците, да ги стави на второ место, зашто биле добри само да чистат оџаци и канализации и за ништо друго. Беше избришан и оној мал устав, кој барем на хартија ги правеше Албанците државотворен елемент. Но, ние се соочивме во 2002 година со нова држава, не правевме фолклорна политика, туку изградивме стратегија како да бидат Албанците господари на државите.“ – рече лидерот на ДУИ Али Ахмети во својата реч вчера на партиската средба во Скопје, организирана по повод завршувањето на 2023 година. Целосната реч на Ахмети ја пренесе весникот на албански јазик „Лајм“.



Потоа, тој посочи на како ДУИ ја спроведува таа „стратегија Албанците да бидат господари на Македонија“: „Пред мене е првиот премиер-Албанец, командантот на бригадата на УЧК и претседател на Собранието Талат Џафери, пред мене ќе биде првиот албански премиер, командантот на бригадата и претседателот на Собранието Талат Џафери. Со промената на законот за Влада Артан Груби стана прв вицепремиер. За политичарите од 90-тите години на минатиот век беше незамисливо Бујар Османи да биде министер за надворешни работи и министер за финансии да биде Фатмир Бесими, а министер за економија Крешник Бектеши.“

Ахмети вчера ја повика македонската опозиција „да не прави проблеми со соседите и да ја изгласа промената на Уставот, за да добие македонскиот народ меѓународен легитимитет за своето постоење“.

Една од целите е да се обезбеди мир, стабилност и нула проблеми со соседите. Се обврзавме да го затвориме и прашањето со Бугарија, но опозицијата прави дневни политики и свои калкулации како да дојде на власт, заради придобивките што ги дава таа. Тие не го ставија во прв план зачленувањето на земјата во ЕУ. Јас ѝ кажував на опозицијата на средбите и во канцелариите, но и јавно: ако се патриоти, нека ги поддржат уставните промени. На тој начин македонскиот народ за првпат ќе биде легитимиран меѓународно. Но, активностите на ДУИ ќе продолжат се до финализирање на проектот за членство на земјата во Европската унија.“ – изнесе лидерот на ДУИ Ахмети.