Ахмети и Села 15 години немале ТВ дуел

По вчерашниорт ТВ дуел на лидерите на сДСМ и на ВМРо-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ТВ 21 го актуелизира прашањето за тв-средба на лидерите на двете најможни партии на Албанците во Македонија:



Поминаа 15 години, а албанските лидери никако да се договорат да седнат и да се соочат лице в лице на телевизиска дебата, а неколкупати имало обид да се организира таква дебата потсетува ТВ21.

„Мојот одговор е да. Во секој момент, каде и да било. Мојот одговор е да. Не сакам да навлегувам во тоа што сакал да калкулира Ахмети, но се надеваме дека ја сфатил оваа важност за демократијата. Да имаме можност да ги видиме оние кои велат „ние се тркаме и сакаме да ја преземеме судбината на вашите семејства во наредните четири години“. Да ги видиме и да се соочиме“, вели Зијадин Села,според ТВ21.

Првиот човек на интегративците честопати велеше дека е подготвен за дебата, но даде услов албанската опозиција да избере еден претставник. Пред четири месеци, Али Ахмети во „Клик Плус“ вети дека ќе излезе на дебата со Зијадин Села доколку опозицијата го избере својот претставник.