Ахмети и Груби почнуваат со финална чистка на ,,Огнената група”

Телевизија 21 од свои извори дознава дека денеска е закажана седница на Надзорниот совет на чело со Али Ахмети.



Иако претседавач на овој Совет е Муса Џафери, како што дознава ТВ21, тој нема да присуствува на денешната седница на Советот, туку ќе присуствуваат само неговите членови.

Се очекува Надзорниот совет да го извести претседавачот Ахмети за статутарните прекршувања на партијата што ги направила „Огнената група“. Поради тоа, според се уште непотврдени информации, врз основа на овој извештај на Надзорниот совет, Ахмети ќе го започне процесот за разрешување на незадоволните од ДУИ.

ТВ21 дознава и дека денеска во седиштето на ДУИ во Мала Речица на средбата со градоначалникот Ахмети биле поканети и членови од огранокот од Сарај.

Предходно „Огнената група“ најави дека чека ваква одлука, за да почне со подготовките за формирање на политички субјект.

Состанокот на Претседателството на ДУИ веќе е закажан за в сабота.