Ахмети го знае решението на кризата во ДУИ, сè уште размислува

Постои брзо и лесно решение на кризата во ДУИ и надминување на судирот во скопското крило, тврдат извори блиски на една од партиските фракции кои што инсистираат да добијат поголемо влијание во партијата и во извршната власт.



Решението со кое вицепремиерот Груби нема да добие интерпелација во Собранието а министерот за надворешни работи Османи ќе ја задржи позицијата е партијата во најкус рок да го номинира или формално да го избере Изет Меџити за технички премиер кога ќе ја врши функцијата кога Македонија ќе оди на избори.

Според договорот меѓу СДСМ и ДУИ по изборите, во последните 100 дена од оваа влада функцијата технички премиер согласно Пржинскиот договор кој е дел од изборниот законик, треба да ја врши кадар на ДУИ.

Со оглед на тоа што кандидатот на Ахмети кој беше промовиран на изборите Насер Зибери стана народен правобранител во ДУИ со месеци се лобира за оваа функција за која амбиции имаат повеќе луѓе.

Овој предлог на скопската фракција на ДУИ се уште не бил доставен формално до Мала Речица но лидерот Ахмети бил информиран и се уште размислувал за ова сценарио.

Според изворите со изборот на Меџити ќе се даде до знаење дека тие што прават добри резулати на терен соодветно се наградуваат, ќе се смират тензиите и поделбите во партијата а ќе остави простор и Груби и Османи да ги зачуваат своите позиции во партијата и владата.

03.03.2021 – 12:15
Хоџа: Апелираме до дијаспората активно да се вклучи во пописот

ТЕХНОЛОГИЈА

01.03.2021 – 22:04
Лоша вест за „спамерите“: Твитер воведува нова опција

25.02.2021 – 22:29
Електричен автобус без возач почна да вози по улиците на Малага
18.02.2021 – 13:32
Големо супер изненадување за сите припејд корисници на А1 Македонија
Меџити за расколот во ДУИ: Груби вреди многу малку гласови

“Во политиката вредиш колку имаш гласови. Јас зборам во име на единица каде што бев носител. Ако споредиме пред 4 години кога носител на листата беше Груби, ДУИ беше трета по ред во Чаир и многу слабо котираше во Скопје.

За локалните избори се прават анкети и се гледаат како котираат луѓето и мислам дека истотото тоа треба да биде принцип и за „егзекутивата“. Ова не е експертска Влада и таму треба да има луѓе кои што имаат легитимитет и кај гласачите, да котираат добро на анкетите, што во овој случај не е така, рече Изет Меџити вчера во Утрински брифинг.

Прашан за евентуалната смена на долгогодишниот лидер на ДУИ, Меџити потсети дека на редовниот конгрес на ДУИ, што се одржа лани, Ахмети беше едногласно избран.

“Се очекува уште повеќе години да биде на чело на партијата, немаме дилеми околу тоа, изјави Меџити и додаде дека треба да се работи екипно, да се поделат задачите, а останатото се нормални разлики”, изјави Меџити.

За други извори во ДУИ се уште е рано да се разговара за технички премиер затоа што ДУИ планира владата да опстане уште 3,5 години а наредните избори да бидат во редовниот термин.