Со својата изјава дека ВМРО-ДПМНЕ била против промените на Лидерот на ДУИ Али Ахмети го уништи вицепремиерот Артан Груби и откри дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не учествувал во договорите за контроверзните промени за Кривичниот законик со кој се прави практична амнестија на криминалот и корупцијата на власта.
Дали со ова Ахмети го жртвува ли својот (не)корумпиран соработник Груби кој е дел од повеќе афери е прашање на кое јавноста може да добие одговор на следната средба на раководството на ДУИ.
Дали Груби кој од страна на својот шеф е прогласен за лажго ќе си даде оставка е тешко да се претпостави.
Според изјавата на Ахмети дадена во интервју за ТВ21, вицепремиерот Артан Груби лажел кога изјавуваше дека промените на Кривичниот законик се прават на барање на Мицкоски.
„Апсолутна лага и апсолутно е невозможно под кои било услови со овие измени во Кривичниот Законик да се врати г. Груевски. Овие измени коишто се во Кривичниот Законик освен што се хармонизација со европското право се и ексклузивно барање и на г. Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ на сите лидерски средби, и на билатерални средби по однос на измените во КЗ и еве имаат шанса тоа да си го направат во Собранието. Впрочем, тоа веќе и го направија вчера со нивното учество вчера во Собранието“, изјави Груби на шести Септември по изгласување на Кривичниот законик но сега се гледа дека тој лажел.
Свесно или несвесно Ахмети го прогласи Груби за лажго а со изјавата тој ја уништува и позицијата на структури во СДСМ кои водат пропаганда дека ВМРО-ДПМНЕ го договорил и помогнало за изгласување на промените.
Ахмети во интервјуто раскажува дека тој предходно законот го договарал со Заев и Груевски но дека кога паднал договор со СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски се повлекло од разговорите.
Изјавата на Ахмети на оваа тема на овој линк






