Ахмети ги разреши сите претседатели на партиските ограноци на ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на верашната седница на Централното претседателство на паријата ги разреши сите 35 претседатели на партиските ограноци .



Според одлуката на партијата, ниту еден од отпуштените претседатели нема да има право повторно да се кандидира на иста позиција, пренесе Алсат М.

Донесена била и одлука за именување на координатори кои треба да ги спроведат изборите на новите претседатели на 35-те ограноци во пресрет на партискиот конгрес, кој првично е планирано да се одржи во ноември, а таа задача им е доверена на Теута Арифи, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејтаи Артан Груби.