За лидерот на ДУИ, изборот на Талат Џафери за премиер на Македонија еважен и историски момент за Албанците.
Но, тој верли дека „терминот“ технички се користи за да се омекне мислењето на македонската јавност, иако во официјалните документи нема термин „технички премиер“.
„Гласав во Собранието на с. Македонија за премиер на с. Македонија. Во официјалните документи нема технички премиер, туку има премиер на државата со владин кабинет, со именувања, со платформа.
Но, за работи од дневната политика, за малку да се омекне македонското мислење, се прави и ова техничко дополнување“, рече Ахмети во интервју за косовската телевизија РТК





