Ахмети доби одговор на крвавите столици во Слупчане (ФОТО)

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговата партија добија соодветен одговор откако на отворањето на споменик на УЧК во липковското село Слупчане поставија празни столици попракани со крв како симбол на загинатите војници на ОНА (УЧК).



Визуелниот артист Седо Перо објави анимација на која освен Ахмети и крвавите столици се појавуваат и таканаречените ,,Мавровски работници” кои во 2001 година беа малтретирани од терористите на УЧК а на нивните грбови со нож била врежана буквата М за Македонија.

Ахмети и УЧК се сеќаваат само на жртвите на ОНА а забораваат на воените злосторства сторени од УЧК кои не застаруваат.

Случајот Мавровски работници е само еден од четирите за кои раководството на ОНА може да одговара доколку било кој суд или обвинителство на светот се занимаваат со нив затоа што воените злосторства никогаш не застаруваат.