Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека вчера не бегал од новинарите по распитот за случајот „Попис“ што го даде порано од закажаниот термин во ЈО, туку дека имал обврски.



Затоа и порано го дал исказот во јавното обвинителство за случајот ,,Попис,, во кој е осмоничен заедно со поранешниот премиер Никола Груевски со што ја оштетиле државата за 175 милиони денари.

Според Ахмети, тој имал состаноци уште од 10 часот, кога имал закажано да дојде пред обвинителката Фатиме Фетаи во врска пропаднатиот попис во 2011-та година.

Затоа, тој вели дека отишол на распит час и половина порано од договореното.

„Постигнавме разбирање со обвинителството, мојата изјава да биде во осум и триесет. Жал ми е за таа тема, бидејќи нема некоја цел или позадина“ рече Ахмети, и објасни дека во 2011 пратениците во Собранието се договориле пописот да се стопира за да не се создадат проблеми.