Откако интегративците претходно денес ја опишаа опозициската ВМРО-ДПМНЕ како „судски потврдено криминално здружение“, од партијата со реакција:



„Али Ахмети да им каже на младите Албанци и Македонци како да купат зграда во центарот на Скопје, како Соравија, без да платат денар како неговиот внук, тогаш ќе поверуваме дека се грижи за нив. Никој не му верува веќе на Ахмети. Додека ДУИ лажно се претставува, внуците на Али и неговиот син влегуваат во милионски бизниси без пари.

Смешни се повиците дека ДУИ ќе соработува со органите да се истражи криминалот. Стејт Департментот тврди дека Мерко е корумпиран, тоа значи дека имаат докази“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата се додава дека потребно е ДУИ да оди во опозиција за да се ослободат институциите од притисокот и да може да има вистински истраги.

ДУИ претходно коментираше дека ова ВМРО ДПМНЕ е спаднато на историски најниското ниво без ниту една вредност и затоа нема доверба членството во нивниот претседател и во партијата, туку повеќе им веруваат на претходното раководство кое им носеше само победи.