„Обвинувајќи дека јас и ДУИ сме соработувале и заедно сме владееле со ‘криминалци’ – со ВМРО ДПМНЕ, албанската опозиција не треба да го заборава минатото и треба да се воздржи од давањето вакви екстремни изјави. Што се однесува до дијалогот меѓу Косово и Србија, потребно е помирување меѓу албанскиот и српскиот народ, а не повторување на историјата и на политиката на одмаздување’, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервјуто за американската телевизија ‘АБЦ Њуз“ – пренесува весникот на албански јазик „Лајм“.
Лајм“ во врска со интервјуто пишува: „Ахмети ја коментираше коалицијата на албанската опозиција со ВМРО, нагласувајќи дека некогаш бил обвинет дека владеел со ‘криминалци’, истовремено потсетувајќи ја опозицијата да не го заборави минатото. Лидерот на ДУИ вели дека опозициските партии не треба да даваат екстремни изјави.“
Потоа весникот ги цитира зборовите на првиот „интегративец“: „Ние сме биле постојано заинтересирани ова партнерство да биде поголемо и ‘погусто’, поисполнето меѓу политичките партии, независно на која политичка боја и припаѓаат. Ние принципиелно имаме спогодба со СДСМ, која е многу корисна за страните. Интерес е на ДУИ во оние места каде што не можеме да победиме да го поддржиме партнерот, но со локален договор. Ние не можеме да ја освоиме позицијата градоначалник на Скопје и таму го поддржуваме кандидатот на партнерот, исто како што и во Тетово нашиот партнер не може да победи. Тоа е принципиелна спогодба. Ние сме во партнерство и со албанските партии. Принципиелната спогодба е добро решение.“
Во интервјуто за „АБЦ Њуз“, „што се однесува до опозициските партии, Ахмети кажа дека е добро што албанските опозиционери комуницираат, но тој им упати и порака ‘да не го забораваат минатото“ – пренесува „Лајм“.
„Ме изморија десет години мене и локалното население дека јас соработувам и заедно владеам со криминалци, како што велат, со партијата ВМРО ДПМНЕ. Ова нека биде школа дневната политика да не се занимаваат со толку екстремни изјави и искази, кои ги даваа сега, но и во изминатите десет години. Заради дневни политики тие сега се спријателуваат со ‘криминалците’, со кои бев јас. Но, јас не сум создал никаков простор да обвинам политичка партија, ниту политички лидери, за криминал, со цел да се профитира заради дневна политика. Ќе се обидам да бидам отворен: го осудувам злото, бидејќи само така можеме да имаме здраво општество“ – рече Ахмети во споменатото интервју.
„Лајм“ укажува дека „претседателот на ДУИ се задржа и на дијалогот Косово – Србија, велејќи дека ги разбира многу добро властите на Косово, но и оти не може да се оди напред со вековно непријателство, при што, според него, има два пата: или помирување, или продолжување со одмаздата.“
Во интервјуто за американската АБЦ Њуз“ Ахмети се заложи за помирување меѓу албанскиот и српскиот народ“: „Не велам дека Србија е толку лесна тема, бидејќи Косово се уште ги брои исчезнатите луѓе, кои воопшто не ги има најдено. На крајот на краиштата, и самата Албанија има илјадници убиени жители, а северниот дел на Албанија беше изгорен. Нам ни треба помирување меѓу албанскиот и српскиот народ. Или ќе решиме да се одмаздиме, но што ни донесува одмаздата? Имаме два пата, трет не постои. Ќе се помириме, или ќе ја повториме уште еднаш историјата, кој е посилен.“
Извор: https://lajmpress.org/ahmeti-ne-ne-vazhdimesi-kemi-qene-per-partneritet-te-shtuar-mes-partive-politike/





