Ахмети: Албанците од дијaспората да се вратат за да гласаат за Дехари во Кичево

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги повика Албанците од дијаспората да дојдат на 31 октомври и да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари. Вели дека еден од нивните најголеми предизвици било враќањето на Кичево во нивни раце и бара да не се дозволи историјата да се врати назад.



„Почитувани кичевчани, драги наши во дијаспората, ве повикувам како ваш син, како ваш брат, како еден од вас, загрижен за судбината на нашиот роден град. Апелирам да покажеме и демонстрираме дека сме обединети на 31 октомври. Преку овие редови ве повикувам уште еднаш да се собереме за нашето Кичево и на 31 октомври сите патишта да не носат дома“, вели Ахмети.

Инаку во Кичево во првиот круг, Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ освои 38,4 отсто од гласовите, а Дехари 37,3 отсто и тие се борат во вториот круг.