Ниту Заев ниту другите нема да го имаат задоволството да ја видат ДУИ во опозиција. Ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во гостување на ТВ 21.
Според него, другите не сакаат да ја пратат ДУИ во опозиција но сакаат да ги пратат Албанците во опозиција.
За изјавата за размена на пратеници на лидерот на СДСМ Зоран Заев со Христијан Мицкоски само и само за да не се прифатат условите на ДУИ за премиер Албанец, Али Ахмети ја смета за опасна и како потпалување оган.
На прашање на новинарот на ТВ21 дали смета дека е нелегитимно ако ВМРО и СДСМ си разменат пратеници за да можат да направат влада без ДУИ, Ахмети со одговор:
„Не легитимно туку опасно, тоа значи палење оган“.





