Агнеса Руси, владин предлог за македонски амбасадор во Софија

Агнеса Руси кариерен дипломат и поранешен постојан претставник на Македонија во ЕУ во Брисел, е предложена од Владата за македонски амбасадор во Бугарија.



Одлуката е донесена на затворена владина седница, јави ТВ 24.

Предлогот ќе биде испратен на гласање во Собранието.

Македонија две години нема амбасадор во Бугарија по истекувањерто на мандатот на амбасадорот Марјан Ѓорчев.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно изјави дека нема лични фаворити за оваа функција и му наложил на министерот за надворешни работи Бујар Османи да состави листа на потенцијални кандидати за амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија.