„За мене велат дека сум самобендисан, ама претпоставувам и ти се возбудуваш во огледало кога се гледаш“ – му кажа Агим Јонуз на соговорникот Филип Петровски во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија по малото „искричење“ околу тоа кој колку и кој треба да престане да зборува.
На ова Петровски најпрво изреагира со зборовите „А вие сте вие, доктор по психологија, Фројд ви е инспирација?“ и на одговорот „Не, но малку сум постар од тебе“, праша: „Вие сте попиле малку пред емисија“ и му рече дека се брука со упаѓањето во збор.
Агим Јонуз најпрво возврати дека не бара од Петровски да го превоспитува, бидејќи за него бил „официр и џентлмен“, но откако Петровски му рече „требало да ве воспитаат тие што ви се родители“ – го остави микрофонот и го напушти студиото и попатно дофрли „Ти си мочко за мене“.
На видеото подолу по 31 минута.





