Директорот на Агенција за разузнавање (АР) Еролд Муслиу прогонува новинарка затоа што објавила текст за незаконско вработување на сопруга на владин директор.
Извори во телата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) кои се запознати со скандалозниот прогон од институцијата под контрола на претседателот Пендровски за expres.mk не даваат детали за прогонот но велат дека шефот на државата учествува во ,,обид за убиство” на слободата на говорот.
Изворите не сакаат да излезат јавно со име и презиме поради страв од одмазда.
Агенцијата за разузнавање каде директор е Еролд Муслиу кој го именува претседателот Пендаровски гони новинарка на македонски медиум која објавила текст за сопруга на висок владин функционер вработен во Агенцијата за разузнавање.
Доколку телата на ЗНМ пресудат дека новинарката го прекршила кодексот на новинарите на Македонија во продолжение директорот на АР Муслиу може да поднесе кривична пријава за новинарката. Агенцијата за разузнавање смета дека новинарката постапила незаконски со прекршување на членот 67 од Законот за АР кој зборува за незаконско откривање на класифицирани информации.
Доколку АР поднесе кривична пријава и новинарката биде осудена таа може да добие долгогодишна затворска казна.
Лани Агенцијата за разузнавање лани поднесе три кривични пријави за откривање на државна и службена тајна против новинарите Горан Момироски и Драган Милосављевиќ за издание на емисијата Заспиј ако можеш каде беа откриени незаконитости во агенцијата.
И покрај прогонот против Момироски и Милосављевиќ кои се соочуваат со 27 годишна затворска казна годинава на денот на слободата на печатот 3 мај претседателот Пендаровски прими делегација на ЗНМ на која декларативно се залагаше за слобода на медиумите.
Шест месеци подоцна директорот поставен од Пендровски прогонува новинарка која открива незаконитости во Агенцијата за разузнавање.





