Агенцијата за национална безбедност контра Ахмети за ,,хибриден центар” против ДУИ

Агенцијата за национална безбедност нема сознанија за наводниот ,,хибриден политичко – бизнис центар” кој води некакви активности против ДУИ, како што тврди лидерот на партијата Али Ахмети.



Во интервју за Канал 5, претседателот Пендаровски вели дека од страна на Агенцијата за национална безбедност не бил информиран дека постои таков центар формиран да го урне ДУИ.

Истото важи и за Агенцијата за разузнавање која нема законски можности да прибира информации на територијата на Македонија.

„Создавање на хибриден политичко-економски центар против ДУИ“ е фраза која почна да се користи од Мала Речица кога на површина излегоа неколку крупни корупциски скандали со луѓе на Ахмети.

Оваа фраза во два наврата ја посочуваат високи партиски функционери од Мала Речица, најпрвин ја употребил претседателот на партијата, Али Ахмети, кога претседавал со највисокиот партиски орган на ДУИ – Генералниот совет, каде изразил загриженост од „создавањето на хибриден политичко-економски центар против ДУИ“.

Потоа на иста тема зборуваше и министерот и тазе потпретседател на ДУИ Бујар Османи.

Пендаровски како шеф на одбраната и човек кој е директно брифиран од службите за безбедност нема сознанија за тврдењата на Ахмети.

Видеото со интервјуто каде Пендровски зборува на темата е во линк на овој текст

Пендаровски ја обвини француската амбасадорка во Софија дека лажела за да ги задоволи Бугарите