Агенции јавуваат за вчерашнбиот „драматичен“ развој на настаните во Софија кое заврши со паѓањето на владата на сега вече екс-премиерот Кирил Петков
„Бугарската влада на премиерот Кирил Петков падна во средата со гласање недоверба во парламентот по само шест месеци на власт. Ова ја втурна земјата-членка на ЕУ во политички превирања среде војната во Украина и зголемената инфлација“ објавија Ројтерс и Гардијан по вчерашното гласање за недоверба.
Се нотира дека владејачката коалиција го загуби мнозинството поради споровите околу буџетските трошоци и оиколу прашањето дали Бугарија треба да го „отклучи“ пристапот на Македонија во ЕУ.
Петков, 42-годишен поранешен студент на Харвард, кој беше посветен на борбата против корупцијата, зазеде силен проевропски и про-НАТО став – необично однесување за земја со традиционално пријателски однос кон Москва, пишува Гардијан.
Сега Бугарија се соочува со четвртите последователни парламентарни избори во април 2021 година. Политичката неизвесност, исто така, може да ги попречи напорите на Бугарија да обезбеди природен гас. Москва го прекина снабдувањето со гас за земјата, откако Софија одби да го плати во рубли.
Петков отфрли какви било коалициски разговори со опозициските партии во салата, но ќе бара други опции за да избегне предвремени избори, додава весникот.
Поранешниот ТВ водител и актуелен политичар Слави Трифонов ненадејно ја повлече својата партија Има таков народ (ИТН) од кревката четирипартиска владејачка коалиција поради несогласувања.
Конзервативната партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов брзо изгласа недоверба, наведувајќи го неуспехот на владата во економската и финансиската политика во услови на зголемена инфлација.







