Минатата недела амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер примила група на вработени во министерството за надворешни работи.
Групата која ја избрале министерот за надворешни работи од ДУИ и државниот секретар од СДСМ кај Агелер дошла како млади дипломати во МНР но всушност меѓу нив има повеќе функционери или сопруги на функционери на СДСМ.
,,Одлично е да се сретнам со младите дипломати на МНР за време на нивната посета на Амбасадата на САД денес. Иднината изгледа светла, а оваа следна генерација на дипломатско лидерство ќе помогне да се води земјата на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции”, напишала Агелер на Твитер најверојатно не знаејќи дека во групата има повеќе луѓе кои во МНР не влегле заради нивното познавање на дипломатијата туку затоа што се членови на СДСМ и ДУИ или се сопруги на високи функционери на владата.
Меѓу луѓето кои се претставени на фотографијата а кои се претставени како млади дипломати се:
– Кристина Пепоска, потпретседател на форум на жени на СДСМ
– сопругата на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
– синот на кандидатот за градоначалник за Струга на СДСМ, Шипинкаровски
– Филип Тосевски сегашен државен секретар во МНР инаку противзаконски шеф на комисијата за надворешна политка на СДСМ
– Марија Антова, екс секретарка во кабинетот на Шилегов
Како и по кој критериум ги избрале овие луѓе министерот Османи и државниот секретар Тосевски за да одат да се видат со амбасадорката на никого во МНР не му е јасно.
Извори во МНР тврдат дека сите овие наводни млади дипломати односно партиски функционери во МНР работат нецели 2 години.
Некои од нив прашуваат: Дали критериумот е да бидеш член на партиската комисија за надворешна политика на СДСМ, чиј претседател е токму Тосевски, што е спротивно на законот за МНР?
Луѓето на сликата кои се членови или блиски на ДУИ е прашање за поширока елаборација која води до врвот на партијата и министерот Османи, велат извори во МНР.
Great to meet @MFA_MKD’s young diplomats during their visit to the U.S. Embassy today. The future looks bright, and this next generation of diplomatic leadership will help lead the country on its path towards Euro-Atlantic integration. pic.twitter.com/FSBnkoSy0D
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) May 23, 2023






