Агелер не требало но Ковачевски и Груби морале да знаат за ,,Тестот за штетност” за Бехтел и Енка (ВИДЕО)

Владата на Ковачевски и Груби морала да знае дека во случајот Бехтел и Енка важи Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од 2019 година со кој е воведен „тест на штетност“ со кој треба да се утврди дали јавниот интерес да се објави некоја информација натежнува над причините таа да биде скриена од јавноста.



На оваа тема зборува во вчерашното издание на емисијата 360 степени на Алсат М.

Според програмскиот директор во Македонското здружение на млади правници, Гоце Коцевски, ако овој тест се примени во случајот со веќе класифицираниот договор за автопатите со „Бехтел и Енка“, би натежнал јавниот интерес.

Коцевски, кој е програмски директор во Македонското здружение на млади правници, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, во која се дебатираше за одлуката на власта за класифицирање на договорот со „Бехтел и Енка“ со степен „доверливо“, вели дека со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од 2019 година е востоставен „тест на штетност“.

Ако во случајов се примени овој тест, рече Коцевски, би натежнал јавниот интерес дека договорот треба да биде јавно објавен.

Гоце Коцевски – програмски директор во Македонското здружение на млади правници
„Ако се работи за информација која е класифицирана, која е личен податок, која е предмет на кривична или каква било друга постапка што по правило не се смета за информација од јавен карактер, имателот е должен да направи ‘тест на штетност’. Треба да стави на кантар што ќе изгуби државата ако ја објави информацијата, меѓутоа и што ќе добие јавниот интерес ако таа информација се добие. Во самиот закон многу јасно е дефинирано што се смета за јавен интерес. Јавен интерес е доколку откривањето информација овозможува да се разбере прашањето за кое се креира јавна политика или се води парламентарна дебата. Поочигледна основа за јавен интерес од ова навистина нема. Дополнително, ќе се открие противправно стекнување или трошење буџетски средства, потенцијален судир на интереси, загрозување на животната средина. Така што, јавниот интерес натежнува“, рече Коцевски, цитирајќи го законот.

Според разгоророт на 360 Степени за разлика од амбасадорката на САД која лобира фирма од нејзината земја да добие тендер и не мора да го знае македонското законодавство премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби мора да знаат за законската обврска владата да биде транспарентна особено кога се работи за можна корупција.

Целата емисија