,,Агелер ќе заврши работа”, врвот на СДСМ брифира дека САД ќе го притиснат ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени

Повеќе извори во СДСМ деновиве пренесуваат дека раководството на партијата на членството му раскажува за помошта што на власта ќе и дојде од американската амбасадорка Ангела Агелер со цел смена на уставот.



Партиски извори на Бихаќка сметаат дека се работи за злоупотреба на Агелер и лага на раководството со цел да се одржи кохезијата во партијата нарушена од слабиот рејтинг на анкетите, расположението на јавноста и неуспехот да се најде решение за ставот на ВМРО-ДПМНЕ против промена на уставот без гаранција дека тоа е последно барање на Бугарија до членството во ЕУ.

Изворите раскажуваат дека на една од средбите во рамки на активностите на СДСМ наречени ,,Рамо до рамо” висок партиски член бил запрашан дали ако до јуни нема 80 пратеници за промена на уставот ќе мора да се оди на избори.

На тоа функционерот одговорил дека членството не треба да се грижи за Бугарите во уставот затоа што ,,таа операција ја води Анџела” односно американската амбасадорка Ангела Агелер.

И други функционери на СДСМ ја користат амбасадорката Агелер за да ги смират партиските другари кои се плашат дека ново политичко насилство за промена на уставот како за Преспанскиот договор ќе ја дотепа партијата.

Во убедување на членството но и дел од новинарите кои важат за блиски на СДСМ дека Агелер и Америка ќе го убедат Мицкоски да се премисли за промена на уставот се шират и лаги за наводна тајна средба на државниот врв со Агелер на која бил направен оперативен план за промена на уставот.

,,Сите знаат дека ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да го смени уставот ќе претрпи огромна штета и нема да може да направи влада на следните избори но врвот на партијата упорно лаже дека Америка и Агелер ќе ја завршат работата”, вели за expres.mk партиски член на релативно висока позиција во партијата кој смета дека дури и ако тоа не е лага СДСМ ќе претрпи огромна штета ако уставот биде сменет со политичко насилство како за Преспанскиот договор.

Според најавите од власта операцијата за промена на уставот треба да се случи најдоцна до Ноември за да се стигне самитот на ЕУ во декември на кој наводно ќе почнат отворањата на поглавјата од преговорите со унијата.

Другото реално сценарио за кое се зборува во СДСМ е доколку власта не успее да најде 80 пратеници за промена на уставот да оди на предвремени избори уште во октомври.

Најчитани вести

Подкаст на Expres TV: Кој е најмоќен политичар во Македонија врз основа на 4 критериуми