Агелар: Ќе има и други на „црната листа“ на САД, Мерко не е последен

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер вели дека името на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко нема да биде последното што ќе се најде на американската „црна листа“ и таа ќе се проширува со нови лица.



Сепак, амбасадорката рече дека не може да прецизира кога тоа ќе се случи.

„Верувам дека веќе сите сте запознаени со изјавата и од Стејт департментот, од портпаролот и со мојата изјава. Тие изјави зборуваат сами за себе, односно го објаснуваат цел овој процес. Би сакала само да додадам дека овој процес на назначување трае подолго и бара време.

Тоа е процес кој внимателно се спроведува, така што се врши ревизија  на сите докази, на се што е утврдено. Во секој момент има листа на имиња кои се во процес на разгледување така што кога ќе се утврдат сите факти тогаш се донесува одлуката.

Не би можела да кажам точно за временските рокови кога би се реализирале овие процеси. Сметам дека ќе има и други лица, но не би можела да кажам точно кога, бидејќи, како што веќе напоменав станува збор за процес кој се спроведува со големо внимание и САД имаат навистина сериозен пристап“, рече Агелер.

Според амњериканската амбасадорка САД сметаат дека Македонија и нејзините граѓани имаат право да имаат избрани претставници на кои може да им веруваат, но тука, како што додаде, завршува ангажманот на САД.