Агатангел: Ако не може на гробишта, за Задушница во црква

Повардарската епархија, на чело со владиката Агатангел, денеска ги повика православните верници од местата кои се под таа епархија во петок и сабота да одат во црквите, бидејќи има забрана за одење на гробишта за Задушница.



„Поради новонастанатата ситуација и со воведувањето на полициски час, како и со целосната забрана за посета на гробни места од страна на надлежните, по повод православниот празник Духовденска задушница, Повардарска православна епархија ги повикува своите верници да ги посетат храмовите.

Православните христијани ќе можат да ги посетат православните храмови во петок и сабота во период од 08:00 до 14:00 часот, се вели во соопштението на Повардарска епархија.