Бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе го смени и министерот за правда, со цел да го намали притисокот од протестите кои траат со недели и на кои се бара оставка од премиерот, оценува агенцијата Франс Прес.



„Данаил Кирилов (50) се најде под оган како еден од авторите на контроверзниот предлог за нов устав, кој во голема мерка беше критикуван од експерти и веднаш беше одбиен од демонстрантите“, јави агенцијата.

Афп потсетува дека Борисов веќе отпушти четворица министри во обид да ги смири протестите против корупцијата и да ја спаси својата кожа, пренесе БГНЕС.

Сегашниот трет премиерски мандат на Борисов истекува во март 2021 година.