АФД бара „нормална Германија“ – надвор од ЕУ

Популистичката, националистичка Алтернатива за Германија (AFD) денеска ја продолжи дводневниот конгрес во Дрезден.



Конференцијата има за цел да го финализира манифестот на партијата пред националните избори закажани за септември, каде нејзиниот избран слоган на кампањата е: „Германија. Но, нормална“,јави Дојче веле.

Мнозинството, дти 550 делегати на конгресот, на „Алтернатива за Германија“ во Дрезден повикаа државата да ја напушти ЕУ.

„Според наше мислење, Германија треба да ја напушти ЕУ и да создаде нов европски економски простор што ги следи заедничките интереси“, се вели во резолуцијата.

Претставници на други партии го критикуваа гласањето. Излезот на Германија од ЕУ би бил крај на ЕУ и внатрешниот пазар, што е важно за нашиот извоз, напиша на Твитер потпретседателот на Слободната демократска партија во Бундестагот, Александер Ламбсдорф.

Тој ја обвини „Алтернатива за Германија“ за „глупав национализам“.