Во среда ќе бид одново ќе биде воспоставен сообраќај на Меѓународниот аеродром Скопје и на охридскиот аеродром Апостол Павле.
Владата донесе таква одлука врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести.
На двата македонски аеродрома ќе биде задолжително носење маска, редовна дезинфекција, мерење телесна температура на секој патник, пристигнување на патниците 3 часа пред полетувањето и редуцирано користење на чекалниците.





